Блеснува во нов сјај обновениот Офицерски дом во Битола. Локалната власт го врати грандиозниот изглед на Офицерски во реконструкцијата која траеше речиси четири години. Денеска градоначалничката Наташа Петровска и вицепремиерот Фатмир Битиќи ги отворија вратите на ова велелепно издание, за кое битолчани не се стеснуваат да кажат дека тоа е нашата гордост. Во тек се активности за негово доопремување.



Битиќи – Реставрираме и зачувуваме, не рушиме и не градиме одново. Офицерскиот дом во Битола е најзначаен културно историски објект во Битола, кој се наоѓа во централното градско подрачје, а кој долги години беше запуштен и оддаваше лоша слика за целата околина.Токму затоа преку Проектот за локална и регионална конкурентност се заложивме за негова реставрација, со цел да го вратиме неговиот стар сјај и уникатност.Објектот е реставриран по сите стандарди, почитувани се неговите историски специфики, и слободно можеме да го сместиме меѓу културно-историските богатства на нашата земја.Го одразува духот на овој град, град богат со историја и култура, на битолчани кои се надалеку познати по својот космополитизам и богата градска традиција.Наша заложба како Влада е рамномерен регионален развој, бидејќи секој град, секој дел од нашата земја е подеднакво важен, и треба да се развива