На неполн месец до одржувањето на локалните избори, СДСМ бележи предност од 2 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата која „Брима“ ја направила за „Слободен печат“.
На прашањето „За кој кандидат на политичка партија би гласале на претстојните локални избори?“,19,8% од испитаниците СЕ ИЗЈАСНИЛЕ за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица. 2,4% ОД ИСПИТАНИЦИТЕ се изјаснИЛЕ дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% дека нема да гласаат.
Според анкетата на „Брима“најпопуларен политичар е премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев кој ужива доверба од 11, 8 отсто од граѓаните, ПРЕД претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој СПОРЕД ИСТРАЖУВАЊЕТО има поддршка од 7 проценти. Трката е нешто потесна меѓу албанските политичари. Партнерите од власта Ахмети со 5,9% и Биљал Касами со 4,4% водат , пред опозиционерите Зијадин Села (4,1%) и Африм Гаши (0,4%).
Што се однесува до рангирањето на главните проблеми кои ги мачат граѓаните, за 31,5% од анкетираните невработеноста е најголем проблем; состојбата со пандемијата е втора по важност со 26%, по што следуваат економската ситуација (23,8%) како и сиромаштијата и нискиот животен стандард (22%).