Грчки медиуми: Спречен атентат врз Заев пред уставните измени за промена на името

Грчките тајни служби спречиле атентат врз Премиерот Зоран Заев летото 2018 година. Ваков текст денеска објавија грчки медиуми кои се повикуваат на извор близок до тогашното министерство за надворешни работи и кој имал значајна улога во целиот процес. Според пишувањата зад атентатот финансиски стоеле организации на дијаспората од Австралија и Канада поради гнев од потпишувањето на Договорот во Преспа со кој земјава го промени уставното име.

Службите во Грција прво го информирале тогашниот Премиер Алексис Ципрас дека во Скопје има голема мобилност против Заев, а преку грчкото МНР за ова прв бил информиран министерот Никола Димитров, а преку други “канали” информациите ги добил и самиот Заев, стои во текстот, во кој пишува дека и американските служби имале информации дека силите кои имаат интерес да не се потпише Преспанскиот договор ќе се обидат да спречат промена на Уставот од страна на Парламентот.

Во објавениот текст се наведува дека тогаш Американците преземале заштита на македонскиот премиер иста како и за американскиот претседател и испратиле пораки до странските амбасади и до ВМРО –ДПМНЕ дека “знаат” за позадината.

Дали навистина имало обид за негов атентат Премиерот ниту потврдува ниту демантира.

-Нема да коментирам такви информации или наводи. Кога и да имало предизвици во таа сфера, безбедносните служби крајно професионално и успешно ја завршувале својата работа. Немам дополнителен коментар, изјави премиерот Заев за „Сител“.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s