Погледнете го официјалното видео :
Во изминатиот период кружеа информации дека постои македонски астронаут по име Марјан Спировски. Астронаутот како дел од исклучително тајна мисија, во соработка со истакнатите вселенски агенции, беше дел од екипажот на руската ракета АНГАРА 5. Погледнавме видеа од ракетата, на чија платформа беше истакнато македонското знаме, но и снимка од лансирањето на ракетата и нејзината внатрешност во која можевме да го забележиме македонскиот астронаут, кој ни испрати поздрав од вселената.
Дополнително, на улиците во Скопје се појавија возила со ознаките на ЕСА (Европската Вселенска Агенција) и РОСКОСМОС, што донесе посебен удел во целата приказна.
Време е конечно да ја разоткриеме оваа мистерија. За жал, овие вести се неточни. Македонскиот астронаут е измислен лик, кој го изработи тимот на М3ДС Академијата за визуелни уметности. Со програмите на 3D визуелизација, целосно се изработени: ракетата, платформата, околините, внатрешноста на ракетата АНГАРА 5, екипажот, вселенскиот ровер, месечината и се’ останато…