ВИДЕО | Саше Политико: Телохранители на Данела Арсовска ме туркаа со лакти

На денешното потпишување на Кодексот за фер избори што се одржа во просториите на Град Скопје се случи инцидент по обраќањето пред новинарите на независната кандидатка за градоначалник Данела Арсовска.

Арсовска, која задоцни 40 минути на потпишувањето, подоцна им се обрати на новинарите и дозволи новинарски прашања, но не и такви што не ѝ се допаднаа.

Имено, откако новинарот Саше Ивановски – Политико ѝ постави прашања за нејзиниот политички и општествен ангажман, кандидатката Данела Арсовска ја напушти говорницата и ја прекина прес-конференцијата. Притоа, новинарот Ивановски се обиде да добие одговор на своите прашања, но беше грубо истуркан од телохранителите на Арсовска. (6:50 секунди од видеото)

– Поставив три прашања на пресот што не ѝ се допаднаа и таа буквално побегна. Јас тргнав по неа да ја  допрашам и двајца ме заградија, па потоа ме удираа со лакти, а таа гледаше и не ги спречи. Како новинар, се чувствуваш под закана во таква ситуација, не знаеш дали телохранителот ќе те удри. Со Мицкоски, на пример, никогаш не сум имал ваков проблем. За овој инцидент ќе реагирам до ЗНМ и до ОБСЕ, ни рече Ивановски кога го побаравме да го коментира случајот.

За коментар телефонски ја побаравме и кандидатката за градоначалник, Данела Арсовска. На повикот ни одговори нејзината претставничка за медиумите Христина Панева.

– Ситуацијата не беше таква да госпоѓа Арсовска да не сака да му одговори на новинарот. Таа одговори на сите негови прашања, беа три или четири на самата прес конференција. Моравме да заминеме од пресот затоа што доцневме на состанок. Јас се обидов да поразговарам со него, да го упатам да ги испрати другите прашања на мејл, но тој не сакаше. Мислам дека му одвоивме доволно простор. За нас е битно новинарите да бидат задоволни. Инаку, Данела нема обезбедување, а луѓето што беа со нас беа фотограф, еден задолжен за социјални медиуми и еден нејзин роднина, вели Панева за „Слободен печат“.

Таа додаде дека новинарот Ивановски, доколку смета дека бил нападнат, има право да се пожали до институциите и дека институциите треба да бидат во служба на сите граѓани.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s