(ВИДЕО) Член на Левица го „прати“ Заев да слави во Бугарија, премиерот му препорача да посети психијатар

На одбележувањето на 11 Октомври во Прилеп, Иван Јовановски од Левица, кој беше еден од 11-темина што застанаа пред споменикот каде државните делегации требаше да положат цвеќе, му дофрли на премиерот Заев, на што тој му одговори

Ти немаш лице да се појавиш овде. Му се п… на сите шо се овде загинати. Треба да си славите празникот во Бугарија таму, ова не е ваша територија.

Со овие зборови Иван Јовановски од Левица му се обрати на премиерот Зоран Заев додека полагаше цвеќе на Могилата на непобедените во Прилеп, по повод 11 Октомври.

Јовановски беше еден од 11-темина членови на Левица кои денеска застанаа пред споменикот и го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња. Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.

„Да посетите психијатар“,

му одговори Заев.

„Ќе видиме кој е за на психијатар, да одиме заедно ако сакаш. Срамота, како не ти е срам“,

му возврати Јовановски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s