ДНК го промовираа видеото за најновата песна “Сите Патишта”

Сите патишта ме водат мене само во моето маало, сите спомени се таму, нè враќаат… каде пораснав јас таму… Сите спомени на едно место, сите слики што ги гледам многу често, сите фори…сите ноќи… ова е само дел дел од текстот од новата песна на ДНК со наслов „Сите патишта”. И зад оваа тема стојат потписите на веќе проверениот двоец – Панчо и Лазар Цветкоски, во чие студио и е снимена. Видеото, пак, е снимено во осум скопски општини и под режисерската палка на Владимир Митревски – Ѓуле, а самата приказна го следи текстот кој, како што велат Панчо и Андреј, е создаден сосема спонтано и од срце.

„Сите патишта” е чиста позитива и ги буди оние спомени од детството кои нè врзуваат за првите игри, другарства, љубовни спомени… Оние спомени од нашите маала кои секогаш ни измамуваат насмевки и ни будат убави емоции кога и да се вратиме онаму каде што ни минало детството.

Кадрите за видеото се снимани во Сарај, Ѓорче, Карпош, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Аеродром и Бутел и, секако, на Водно каде всушност и се заокружува целата приказна, токму онака како што Водно го заокружува нашето убаво Скопје.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s