Познатото дуо Дац и Александар во рамки на проектот „Ново руво”, ја преработија песната „Лична Валандовчанка” која своевремено во 1985 година ја отпеа легендарниот Кирчо Поп Лазаров и е првиот победник на најреномираниот фестивал за народни песни „Фолк фест Валандово”. Оргинални автори се Миле Барбаровски (музика), Георги Барбаровски (текст) и Милан Завков (аранжман). Фолк пејачот Ѓоко Јовиќ пак е специјален гостин од тој крај. Своја поддршка во реализацијата на песната дала и Општина Валандово.