„Мизар“ издаде нов сингл под насловот „Messengers of Downfall“ (Видео)

Култниот македонски бенд „Мизар“ издаде нов сингл под насловот „Messengers of Downfall“. Бендот е со сигурност еден од пионерите на темниот звук на овие простори, дури и по 40 години, создава и изведува подеднакво моќно, предводен од длабоките вокали на Зоран Тортевски, со кого исклучително толкува специфичен израз базиран на словенско црковно пеење. Иако „Мизар“ во основа е рок бенд, звуците на македонските етно и византиски традиции течат низ нивниот звук. Некогаш поизразено, некогаш послабо, секогаш придружено со карактеристичниот вокал на Тортевски, идеално потопен во целокупната темна атмосфера.

„Messengers of Downfall“ (во превод „Гласници на падот“) е песна за енергијата на човечката душа, чиј контекст е поразбирлив со преводот, и за која нејзиниот автор вели: „Човекот не разликува добра мисла од лоша, без да знае како енергијата е иста за сите луѓе. “гласници на падот“ се демони, лоши мисли или пораки (дезинформации), додека музиката е порака за добра енергија.“ Музиката е напишана од Горазд Чаповски, гитарист и единствениот постојан член на „Мизар“ од основањето на групата (1981). Сегашниот состав го сочинуваат: Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас) и Златко Симионски (тапани). Вокали во придружба се Петар Георгиевски, Бранко Илиевски и Иван Петковски, аранжманот го потпишуваат „Мизар“, а продукција Златко Симионски и Горазд Чаповски.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s