Ривалот на Виктор Орбан, Питер Марки-Заи, кој ќе му се спротивстави на унгарскиот премиер на парламентарните избори в година, најави екстрадиција на Никола Груевски во Северна Македонија доколку победи.
„Цитат на опозицискиот кандидат Марки-Заи од неговиот говор на 23 октомври: Ако Орбан ја изгуби моќта следната година, поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, ќе се соочи со екстрадиција (заедно со јорданскиот бизнисмен Заиф Нафа и други)“,
пренесува политичкиот аналитичар Андраш Тот-Цифра на социјалните мрежи.

На истото, но на унгарски јазик, денеска укажува и самиот Марки-Заи порачувајќи дека ќе ги екстрадира „Груевски, Нафа и другите криминални мигранти населени од Фидес“.
