ВИДЕО: Пукна македонска „петарда“ во Ереван,МАКЕДОНИЈА ЈА „ПРЕГАЗИ“ ЕРМЕНИЈА (0:5) 

Македонската А репрезентација ја забележа четвртата победа во квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 Катар, откако вечерва во Ереван со убедливи 0:5 триумфираше над Ерменија.

Во 22 минута Ашковски во една одлична соло акција се ослободи од двајца противнички играчи, во прав момент го пронајде Трајковски за водство од 0:1 за негов 19 погодок во сениорскиот дрес.

Барди кој ја носеше капитенската лента, во 36 минута со еден прекрасен гол после асистенцијата на Елмас ја затресе мрежата на Јурченко за 0:2

Во 66 минута Ерменците во „нокдаун“, Чурлинов во казнетиот простор на домаќините ја подаде топката до Барди кој беше фаулиран и шпанскиот судија Санчез покажа на белата точка.

Во листата на стрелците се запиша и младиот Милан Ристовски во 79 минута од контранапад после асистенцијата на Елмас, втора за него на овој меч. Конечниот епилог го постави Барди кој повторно стрелаше од пенал во 90 минута за комплетирање на неговиот хет-трик и сега е на девет погодоци за најдобрата македонска репрезентација.

1 Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s