Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Бранко Николовски од Фолтин, на Јутјуб го објавија нивниот сингл насловен „Крв да ни се стори“.
Музиката и текстот се на Бранислав Николов, додека аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев, а во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев и продуцентот Ивица Јанкуловски.
– „Крв да ни се стори“ е танц на две опиени птички од првото срамежливо раскрилување на топлото есенско сонце, до последниот пердушест пад во безумното вечерно винце – напиша Бранислав Николов на Фејсбук.