Магична ноќ во Скопје: Македонија го победи Исланд и ќе игра бараж за СП 2022! (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација ја искористи големата шанса на домашен терен и со победа над Исланд (3:1), обезбеди бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски тргнаа офанзивно пред околу 20.000 гледачи на арената „Тодор Проески“, а веќе во седмата минута Езѓан Алиоски ја донесе посакуваната предност.

Алиоски влезе од својата лева страна и шутираше силно на првата статива, совладувајќи го исландскиот голман Олафсон.

Во 40. минута од средбата, Дарко Чурлинов ја затресе мрежата на Исланѓаните, судиите покажаа офсајд, а деталната ВАР анализа покажа дека имало минимален офсајд изразен во сантиметри.

Предноста од 1:0 на полувреме, Македонија ја имаше до 55. минута кога Исланѓаните успеаја да израмнат со голот на Торстеинсон во 55. минута.

Но, избраниците на Милевски брзо се вратија од шокот, па по неколку блокирани удари, Елиф Елмас во 65. минута собра еден отпадок во шеснаесетникот на Исланд, се снајде подобро од противничките дефанзивци и ја врати Македонија во водство.

Исландскиот репрезентативец Јоханесон за само единаесет минути заработи два жолти картони, а во 79. минута, задржувањето на Елмас со раце значеше црвен картон. Македонија со фудбалер повеќе на теренот успеа да најде нова дупка во противничката одбрана, а Елмас со својот втор погодок зголеми на 3:1. Македонија со победата над Исланд сега ќе го очекува противникот во полуфиналето од мундијалскиот бараж.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s