Норвешката поштенска служба објави реклама каде се зборува за хомосексуална врска помеѓу Дедо Мраз и човек по име Хари и која предизвика низа реакции како во земјата, така и на Стариот континент.
Создадена со цел да ја одбележи 50-годишнината откако Норвешка ја декриминализира хомосексуалноста, рекламата наречена „When Harry Met Santa“ ја отсликува љубовната афера помеѓу норвешки маж и самиот Дедо Мраз. Неколку години Дедо Мраз го посетува Хари, при што двајцата се вљубуваат еден во друг.
Рекламата завршува со страстен бакнеж помеѓу нив, за потоа Posten, норвешката поштенска служба, да ги преземе пратките на Дедо Мраз и да продолжи да ги доставува во текот на ноќта.