Ќерката на покојниот Џеј Рамадановски тргна по неговите стапки. Таа денес ја промовираше својата прва песна „Од кад ниси ту крај мене“, која излегува точно на годишницата од смртта на Џеј. Имено пејачката кариера на Марија била желба на нејзиниот татко а таа му ја исполнува со оваа песна посветена нему.
Дебито на Марија Рамадановски е во музичкиот стил на Џеј. Кога првпат ја слушнала песната ѝ потекле солзи, а сигурна е дека нејзиниот татко би сакал да може да ја слушне.