Песната „Хеликоптер, хеликоптер“ во изведба на босанскиот турбофолкер Фазлија, моментално е една од најпопуларните на социјалната мрежа ТикТок.
Иако излезе во 2016 година и доаѓа од Балканот, песната стана хит и во странство, а во прилог на тоа говори и фактот што стигна до познатите Кардашијанки. Најстарата од нив, Кортни Кардашијан со своето момче Тревис Баркер и ќерката Пенелопе сними видео во кое изведува кореографија на песната. Таа, нејзината ќерка и вереникот се вртеа на турбофолк мелодијата, а после тоа Тревис ја прегрна Кортни и двајцата се насмеаа.
Видеото за многу кратко време беше прегледано над шест милиони пати, а коментарите на публиката од Балканот се нижат на Твитер.
Синглот „Мало виски, мало кока-кола“, кој го издаде во 2007 година, за многу кратко време стана хит.