Претседателот Пендаровски во рамки на посетата на Република Косово оствари средба со припадниците на АРМ кои извршуваат задачи во рамки КФОР

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Косово, во Пеќ ја посети Регионалната команда на КФОР – Запад, каде оствари средба со командантот на командата, полковник Андреа Бертацo, како и со припадниците на Армијата на Република Македонија кои извршуваат задачи во рамки на мировната мисија.

На средбата со полковник Бертацо, претседателот Пендаровски беше информиран за севкупните активности на Регионалната команда на КФОР – Запад во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилност на Косово и целиот регион.  Претседателот Пендаровски ја истакна подготвеноста на Република Македонија за унапредување на меѓусебната соработка и размена на информации од заеднички интерес, а во функција на исполнување на целите на мисијата.

Претседателот Пендаровски посочи дека со учеството на 65 припадници на Армијата на Република Македонија во силите на КФОР, нашата држава како НАТО-членка дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На средбата со припадниците на нашата армија, распоредени во Регионалната команда на КФОР – Запад, претседателот Пендаровски беше информиран за нивните тековни активности и извршувањето на работните задачи. Претседателот Пендаровски оддаде признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат сите поставени барања и задачи и рече дека Република Македонија и натаму ќе продолжи да дава свој придонес во оваа мисија.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s