ВИДЕО | Не победија, но испратија моќна порака: „Дајте музика“ го освоија 9. место на детската Евровизија

Македонските претставници на овогодинешното издание на детската Евровизија завршија на деветтото место. Иако прекрасните деца од „Дајте музика“ не победија, тие со својата песна „Green Forces“(„Зелени сили“) испратија моќна порака којашто не остана незабележана. Имено, Кристина, Анастасија, Миха и Филип упатија порака за заштита на животната средина и справување со климатските промени.

Што се однесува до гласањето на жири-комисиите ширум Европа, нашата држава освои 55 поени. Жири-комисијата од Албанија ни даде максимални 12 поени, Србија ни даде 3 поени, а меѓу земјите коишто ни дадоа поени беа Русија, Франција, Украина… Од онлајн гласањето, пак, Македонија освои 59 поени.

Вкупнo, нашите претставници освоија 114 поени, доволно за да се пласираат меѓу најдобрите 10.

Победата ја однесе талентираната Малена од Ерменија, којашто блесна на евровизиската сцена со песната „Qami Qami“.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s