(ВИДЕО) „Хиена“ на Антониа Гиговска и 2 Бона руши рекорди на слушаност

Новата песна на младата ѕвезда Антониа Гиговска и момците од „2Бона”, Тони и Кун руши рекорди на слушаност во нашата земјa. Нивната “Хиена” за само неколку дена на Јутјуб има повеќе од 330.000 прегледи.

Нивната соработка се покажа како полн погодок, а коментарите за истата на социјалните мрежи не престанува да пристигнуваат. Особено изненадува фактот што под објавата пишуваат и фанови од скоро сите соседни земји, па дури и од Русија.

Ќе ви издвоиме само неколку од нив: „Здраво од Русија. Продолжете да творите, браќа Балканци“, „Многу добра спојка сте тројцата, предобар спот, предобра песна“, „Антониа е симбиоза од светски потенцијал. Со ваков потенцијал не е фер светот да не те слушне“, „Пола песна не ја разбирам, но ова е совршено. Каква енергија во песна, каков вајб – поздрав од Хрватска“.

Ниту Антониа, ниту Тони и Кун не го кријат нивното задоволство за соработката, а велат и дека не се изненадени од бројките и позитивните реакции.

„Ме радуваат реакциите на публиката, секојдневно добивам пораки дека им се допаѓа, а истото се случува и кај Кун и Тони. Задоволни сме од целиот проект, Лазар си го направи своето, да бидам искрена јас очекував да биде прифатен целиот пакет“, вели Гиговска.

Инаку автор на музиката и аранжманот е Лазар Цветковски, додека текстот го потпишуваат момците од „2 Бона“ и Тајзи.

Како режисер на видеоспотот се потпишува Томислав Живковиќ.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s