Згодниот италијански пејач Дамиано Давид по победата на Евросонг со бендот Манескин го привлече вниманието на понежниот пол.
Дамиано често објавува фотографии со кои ги остава фановите избезубени.
Овој пат Дамиано објави како позира целосно гол.
Судејќи според коментарите на неговите следбеници на Инстаграм, овој пат Дамиано бездруго малку повеќе претерал со фотографијата со која им го честиташе Божиќ на своите следбеници, но и на сите останати.
„Среќен Божиќ на сите. Лего и јас“, напиша Дамиано во описот на фотографијата на Инстаграм. Пејачот позира гол држејќи ја својата мачка в раце, а интимните делови од телото ги покрил со емотикон од Дедо Мраз.