На почеток на месецот декември на официјалниот YouTube канал на бугарската пејачка Галена беше промовиран нејзиниот најнов дует со Азис кој носи интересен наслов “А + Г = В.Н.Л.”, а песната се врти и на телевизија Планета предизвикувајќи огромна гледаност низ интернет пространството.
Факт е дека до овој момент има гледаност од десет милиони и е број еден по слушаност на YouTube. За историјата на песната, сподели и самата ѕвезда на „Пајнер“:
“А + Г = В.Н.Л… е спомен од едно неповратно минато време. Од онаа љубов неиживеаната, која се скрила во најдлабокото катче од срцето, за да не потсети дека времето не лекува се. Од онаа прва љубов, која никогаш нема да се повтори, не се заборава, а само боли – како рана која се отвора повторно и повторно. Оваа песна не ме пушти од моментот кога ја слушнав. Благодарам за музиката, за зборовите, за емоциите, благодарам на Азис за магијата на неговиот глас. Благодарам на секој еден од вас кој се вљуби во неа. И кога боли – нека да боли помалку“.
Дуетот веќе направи и своја премиера по бугарските клубови и дискотеки, каде што Галена има свои настапи. За што станува збор, слушнете и погледнете во продолжение: