Жељко Самарџиќ, минатата недела, ја претстави новата песна насловена „Опрости ако тражим превише“. Станува збор, како што вели, за емотивна зимска балада, која мириса на варено вино и љубов, а зад која авторски стојат Драган Брајовиќ Браја, кој се потпишува на музиката и текстот и Мирослав Столица, кој беше задолжен за аранжманот и продукцијата. Песната премиерно во живо ја изведе на концертот во Комбанк двораната во Белград, на 24. декември.
Дека на новогодишните изненадувања им нема крај, докажува уште едно ново видео и дуетска песна со Слаѓана Мандиќ, објавена завчера. „Мали обични нешта“, е насловот на нивниот заеднички сингл, чии автори се Амил Лојо, Армин Шаковиќ и Мирослав Столица.