Одлуките на здравствените власти на Република Бугарија за самоизолација на дел од владиниот кабинет на премиерот Кирил Петков, нема да ја променат претходно договорената рамка за посетата на високата бугарска владина делегација на Скопје, соопшти МНР.
„Со тој нов почеток треба да разговараме за важни теми за двете страни, како правата на Бугарите во С.Македонија, како и за заедничка инфраструктура, заеднички културен календар, евроинтеграција и историја. Само со труд и напорна работа можеме да постигнеме брз напредок во нашите односи. Се надевам дека нашите соседи и нашата делегација во сите области ќе може да постигнат вистински напредок. Уште овој месец ќе отпатувам во Северна Македонија. Прво, затоа што е наш ред, но поважно – затоа што сакаме да покажеме дека низ конструктивен дијалог можеме да направиме многу повеќе од тоа што е постигнато последните неколку години. Заедно можеме повеќе“, рече бугарскиот премиер во видео- пораката.