Помош од 600 до 800 денари месечно за сметките за струја ќе добијат семејствата во социјален ризик, со најновата владина мерка.
Вкупно 60 милиони денари ќе одвопи државата за социјалните категории на граѓани чии месечни примања не надминуваат над 30.000 денари или по категории:
– самец до 15.194 денари;
– домаќинство со два члена до 18.000 денари;
– домаќинство со три члена до 21.000 денари
– домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
– домаќинство со пет и повеќе члена до 30.000 денари
Пријавувањето за користре на оваа субвенција почнува од денеска.
Граѓаните треба да аплицираат во Министерството за економија, а во прилог меѓудругото ќе треба да достават потврда за висина на исплатена плата, потврда од Агенцијата за вработување доколку лицата не се вработени, фотокопија од последната добиена сметка за потрошена електрична енергија во 2021.