Визбегово добива целосно ново модерно училиште со капацитет за над 500 деца, со што одговараме на долгогодишните барања на жителите од населбата.
Денеска со првиот вицепремиер Артан Груби, актуелниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски, и поранешниот градоначалник Велимир Смилевски, го посетивме градилиштето во Општина Бутел, каде се започнати подготвителните работи за инвестицијата во износ од 106, 6 милиони денари.
Во изминатиот период покажавме дека кога се работи за обезбедување на квалитетно и образование достапно за секое дете можат да се надминат сите предизвици и да се забрзаат процесите.
За исклучително краток период успеавме да започнеме со изградба, реконструкција или санација на училишните објекти во речиси секоја општина или населено место, но истовремено и да вложуваме во нови наставни програми и континуирани обуки и поддршка на наставниот кадар.
Само со истовремено инвестирање во овие три столба во пракса можеже да имаме современо и квалитетно образование.