Популарната детска песна за бебето ајкула, Baby Shark, стана првото видео на Јутјуб со 10 милијарди прегледи.
Во ноември 2020 година, Baby Shark стана најгледаното видео на популарната платформа за стримување, а сега ја надмина волшебната бројка од 10 милијарди прегледи.
Детската песна што ја осмисли јужнокорејската образовна фирма„ Пинкфонг“а ја изведе корејско-американската пејачка Хоуп Сегоин дебитираше во 2016 година и стана вирален хит во Азија, но не влезе во колективната свест на Американците сè до 2019 година.