Примопредавање извршија речиси сите министри.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и ја предаде функцијата на својата наследничка Славјанка Петровска.
Новата министерка на припадниците на армијата им порача во неа да гледаат сојузник за новите предизвици. Им се заблагодари на сите оние, како што рече, кои одлучиле и по цена да бидат критикувани и осудувани да донесат визионерски одлуки чии придобивки се во интерес на граѓаните.