Пратеничката Гордана Сиљановска Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека понекогаш жали што влегла во политиката.
„Мислам дека е важно ние од науката да имаме просветителска мисија, да не си ја оставиме професијата и етиката на факултет, туку да ги внесеме во собраниската сала или во владините органи – министерства и да докажеме дека вреди да се делува“, вели пратеничката.