Бендот „Ареа“ го објави новиот сингл „Ангелу мој“, блуз рок балада која треба да биде дел од новиот албум.
Со него, како што информираат од бендот, ќе биде одбележана 30-годишнината од неговото постоење.
„Среќни сме што ви ја претставуваме нашата најнова песна со наслов „Ангелу мој“, овој пат балада во блуз рок варијанта која ќе биде дел од нашиот нов албум кој е во завршна фаза и наскоро треба да го издадеме…
Решивме песнава да ви ја подариме во чест на христијанскиот празник Водици – Богојавленије“, велат од Ареа.