АД Пошта повторно ќе почне на пензионерите да им ги доставува своите пензии до дома. Ова услуга ќе биде достапна за сите пензионери кои пензијата ја примаат на сметка во Халк банка или во НЛБ банка.
Како што објави Пошта, секој пензионер кој сака пензијата да ја добива дома треба да пополни формулар во банката. Цената на услугата е следнава:
ИСПЛАТА НА ПЕНЗИИ НА ДОМ!
Заштитите го Вашето здравје и без чекање ред пред банките, на едноставен начин примете ја својата пензија ВО ВАШИОТ ДОМ!
Единствено #ПоштаМКД е:
партнер на „ХАЛКБАНКА“ и „НЛБ Банка“ за исплата на пензии на дом!
ја покрива целата територија на државата!
располага со обучен персонал за сигурна и доверлива исплата!
Износ на пензиски примања во денари:
до 5.000,00 денари;
од 5.001,00 до 9.000,00 денари;
од 9001,00 до 15.000,00 денари;
над 15.000,00 денари.
Најважно!Надоместок за исплата на пензија:
70,00 денари;
100,00 денари;
130,00 денари;
160,00 денари.
ПоштаМКД – поблиску до граѓаните.
