Од видеото објавено на социјалните мрежи, Христијан Мицкоски и дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ се веселат во црква без држење на дистанца и почитување на мерките за заштита од ковид.
-Мицкоски лицемерно бара онлајн настава а навечер во збиени редови се гоштева и ги крши протоколите за заштита од ковид-19.
‼️Мицкоски едно зборува друго прави.
Тоа е истиот Мицкоски кој среде пик на пандемијата одеше во кафани, велат револтирано граѓаните.
Интересно е што самиот Мицкоски и неговата партија бараат онлајн настава од први февруари поради растот на заразени од ковид 19 од една страна, а од друга страна тој продолжува да ги крши мерките.