Фестивалот на италијанската канцона Сан Ремо од која се одбира и победникот кој ќе ја претставува Италија, годинава го имаше 72-то издание во пет вечери од 1 до 5 февруари.
Победникот Махмуд и Бланко со песната „Морници“ ќе настапи на финалето на 14 мај на Песна на Евровизија што ќе се одржи во Торино. Италија досега победила три пати на Евровизија од 46 учества, во 1964, во 1990 со Тото Кутуњо и минатата година „Манескин“. Имаше пауза од 1998 до 2010, а секоја година автоматски влегува во големата петорка која директно учествува во финалето. Мамуд пред три години поведи на Сан Ремо и ја претставуваше Италија во Тел Авив со песната „Пари“.