Србија новиот претставник и песната за овогодинешниот натпревар во Торино, Италија, ќе го избира на фестивалот „Песна за Евровизија 22“, преку две полуфинални вечери на 3 и 4 март, и на големото финале на 5 март.
Меѓу 36-те кандидати се најде и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ која ќе се претстави со песната „Љуби, љуби, довека“. За нумерата, музиката и текстот ги напишала Леонтина Вукомановиќ, а за аранжманот и продукцијата е заслужен Немања Филиповиќ.
Тијана денеска во 14 часот ја промовираше „Љуби, љуби, довека“.