Еден од вработените во текстилна компанија „Текстил Солушн“, Полику Авдиу денеска на прес конференција посочи дека иако работел во Германија цели 18 години, сепак среќата ја пронашол токму во оваа компанија.
Полико Авдиу веќе осум години работи како шивач во компанијата „Текстил Солушн“. За да биде дома со семејството, Авдиу се вратил од Германија каде што работел. Тој вели дека е задоволен од условите за работа во компанијата и се радува што постојано се подобруваат. Задоволен е од растот на минималната плата, вели доволно ќе е за скромен живот