Скандалозен и потценувачки статус на Наум Стоилковски од ДПМНЕ за луѓето што работат на каса во маркети ги разгоре социјалните мрежи

Скандалозен статус на портпаролот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски со кој се потценува работата на касиерите во маркетите, буквално ги разгоре социјалните мрежи.

-Наставник во основно 24.000
Наставник во средно 25.000
Минимална „на приватно“ 18.000
Ако не па наставници после школо да поработат на каса у драгстор?, напиша Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

Ова буквално ги разгоре социјалните мрежи, а граѓаните му порачуваат да оди малку да поработи во маркет за 18.000 плата. Вработени во маркетите буквално се шокираа од ваквиот потценувачки однос кон нив од високиот функционер на ДПМНЕ, како тие да не заслужуваат ништо.

Инаку Владата на СДСМ во неколку наврати ги зголеми платите на наставниците кои беа минорни во 2017-та година и нивните плати со години беа замрзнати од режимот на Никола Груевски.

Ова не е прв функционер на ВМРО ДПМНЕ кој деновиве ги разбранува социјално-ранливите групи. Прехтодно Влатко Ѓорчев обвини дека во маркетите се продаваат краставици за 250 денари по килограм, при што повредени се најдоа земјоделците, додека пак Трајко Славески од истата партија пред да биде постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари, соопшти дека  „ова што го бара Синдикатот се коси со целокупната практика во Европа и во светот. Минималната плата не може да се однесува на преку 20 проценти од вработените како прво, и не може да биде 60 проценти од просечната, кога Европската унија која изрично наложува максимум да биде 50 проценти“, порача неодамна Славески од ВМРО ДПМНЕ, по што партијата мораше да каже дека тоа бил негов индивидуален став.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s