Во Кочани вчера „падна“ седмицата на Лото 7 на Државната лотарија.
Добивката за седмица во ова 11 коло изнесува 440.000 евра..
Државна лотарија со радост известува дека во 11. коло од играта на среќа лото 7, падна 7-ка лото-премија во вредност од 27,385,728 ден., (околу 440,000 евра). Извлекувањето се реализираше во среда, на 9 февруари (2022 г.), со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место „Балила 1“, во Кочани. Уплатени се 2 лото-комбинации, а добитна е 2-та комбинација со броевите: 4, 10, 17, 28, 30, 32, 37.