Си-ен-ен објави сторија за гестот на Пендаровски: Претседателот го однесе на училиште 11-годишното девојче со Даунов синдром-жртва на малтретирање

Во прилогот се раскажува за посетата на Пендаровски во домот на Ембла, средбата со нејзиното семејството, со кое разговорал за предизвиците со кои се соочуваат и за решенијата и дека на девојчето му однел подароци

Претседателот Стево Пендаровски во понеделникот ја однесе 11-годишната Ембла Адеми до училиштето во кое таа учи. Ембла е девојче со Даунов синдром, а во јавноста за неa се слушна откако медиумитe објавија дека родителите на нејзините соученици одбиваат да ги пратат децата на училиште се додека таа е со нив во училница. Овој гест на претседателот Пендаровски наиде на позитивни коментари во јавноста, а беше поздравен од организациите за заштита на човековите права.

Денеска за ова сторија објави и светската ТВ мрежа Си-ен-ен, под наслов: „11-годишно девојче со Даунов синдром било малтретирано, претседателот на државата ја однесе на училиште“.

Во текстот се пренесува изјавата на портпаролот на Претседателот, според која Пендаровски ја држеше за рака Ембла Адеми додека одеа до нејзиното основно училиште во Гостивар, со објаснување дека Ембла била жртва на малтретирање во училиштето, бидејќи е дете со Даунов синдром – генетска состојба која предизвикува пречки во учењето и здравствени проблеми.

Понатаму, се раскажува за посетата на Пендаровски во домот на Ембла, средбата со нејзиното семејството, со кое разговорал за предизвиците со кои се соочуваат и за решенијата и дека на девојчето му однел подароци.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s