По повод Денот на вљубените, пејачката Каролина Гочева одржа интимен концерт во еден скопски локал, каде нејзините обожаватели уживаа во одличниот репертоар и неверојатниот глас на нашата музичка дива.
Модниот стил на Каролина е препознатлив, а се темели на елеганција и женственост. Како и секогаш, таа и овојпат блесна во прекрасна комбинација за која беше задолжена дизајнерката Јована Филиповиќ, а свиленото здолниште коешто Каролина го носеше е дело на турската дизајнерка Ајбуке Баркчин
За шминката се погрижи нејзиниот долгогодишен соработник, Александар Билјановски – Дадар.

Во продолжение, уживајте во овој краток сегмент од нејзиниот вчерашен настап, видео кое го сподели дизајнерката Јована Филиповиќ.