Дуото Александар и Дац со ново музичко пакување на стиховите “Весела песна” од големиот македонски деец Блаже Конески.
Тоа е песна од неговите стари стихозбирки која преку овој музички рефрен започнува нов живот. Заедно со хорот на “Златно славејче” Дац и Александар подготвија музичко-визуелна приказна која ќе го стопли секое срце. Во чест на големиот автор, оваа инспиративна балада започнува и завршува со стиховите на легендарната “Везилка”. Во спотот се илустрирани сите стари детски игри кои се подзаборавени во денешнината, а целата атмосфера носи една топла позитива и носталгија на некои убави времиња. Проектот беше препознаен и поддржан од компанијата Алкалоид Скопје