Неодамна една од најпознатите бугарски пејачки Преслава прослави успешни 18 години на музичката сцена. Таа пред 18 години потпиша договор со музичката компанија “Пајнер”, кој дава почетокот на една неверојатна музичка кариера. За сите овие години Преслава успеа да ги освои срцата на илјадници луѓе со нејзиниот талент и харизма. Ова е потврдено не само од фактот дека таа е една од најнаградуваните изведувачки во историјата на овој жанр, но и со нејзините песни со кои не остави рамнодушен ниту еден обожавател на поп-фолк музиката.
Првиот настап на младата пејачка на телевизија е со премиерата на дуетната песна со Милко Калајджиев – “Нежен рекет”, за која тогаш таа уште го немаше прифатено уметничко име и е испишана со вистинско име – Петја. Подоцна истата година, под креативниот псевдоним Преслава, се издадени нејзините први самостојни песни и и започнува вистинската кариера како ѕвезда.
По овој повод, таа објави нова песна која носи наслов „Од утре“. Песната веднаш ги освои срцата на публиката и влезе ударно во најслушаните на Балканот, а е дело на грчкиот композитор Фивос, со аранжман на Даниел Ганев. Текстот кој воодушевува и во кој ќе се пронајдат многу девојки е дело на Петја Радева, а видеоспотот е снимен од страна на Виктор Антонов.