Поставен камен темелник на 400 киловолтниот далекувод Битола – Елбасан

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше на настанот по повод поставувањето камен темелник на 400 киловолтниот далекувод кој тргнува од трансформаторската станица „Битола2“ и ги поврзува електро преносните системи на Северна Македонија и на Албанија. Проектот, како проект од Коридорот 8, е со исклучителна регионална стратешка и капитална вредност.

“Северна Македонија се позиционира како енергетска раскрсница во регионот. Со интерконективниот далекувод Битола – Елбасан кој ги поврзува Северна Македонија и Албанија, го заокружуваме процесот на поврзување со електропреносните системи со сите наши соседни земји.

Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција во износ од 17,2 милиони евра е од огромно значење како за нас, така и за целиот регион. Овој проект, дел од Коридорот 8, претставува клучна алка во транзитот на електрична енергија од Бугарија, преку Северна Македонија, низ Албанија сѐ до Италија.

Со градењето на вакви врски со соседите и со инвестирање во капитални проекти во електроенергетската мрежа, ги поврзуваме нашите економии, сите стануваме посилни и поконкурентни и што е најважно уште поподготвени за натамошен развој. Тоа значи и нови вработувања, а со тоа и севкупен економски просперитет.”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s