Одбележан Националниот ден на Република Северна Македонија на „Дубаи ЕКСПО 2020”

Во рамки на глобалниот саем ЕКСПО, што се одржува во Дубаи, денеска се одржа официјална церемонија и прослава на Националниот ден на Република Северна Македонија.

На церемонијата присуствуваше владината делегација предводена од заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економски ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Во своето обраќање, Битиќи потенцираше дека ЕКСПО пред сè симболизира почит и ја прифаќа различноста преку промовирање и преку живеење во движење, кохезија, интеграција, соработка и визија.

– Го имаме цел свет собран на едно место и ова е уникатна можност да научиме едни за други и едни од други и да ги искористиме нашите единствени предности, се со цел да растеме заедно во солидарност и сочувство. Заедно со емпатија ќе продолжиме да градиме отпорност и во периодот по Ковид-19, истакна тој.

Владата на Република Северна Македонија, Битиќи вели дека своите намери ги фокусира на интеграција и градење партнерство, а со официјалното членство во НАТО земјата има значителна сигурност и стабилност.

– Додека се движиме кон патот за интеграција во Европската Унија, постигнуваме значаен напредок во спроведување на европските стандарди во нашата земја и ги исполнуваме нашите одредници во врска со дигитализацијата, подобрувањето на регионалната соработка и партнерството, еднакви инвестициски можности, големи инфраструктури, а сето тоа го правиме додека сме посветени на исполнувањето на нашите цели за одржливиот развој со голема свест за заштита на животната средина, додаде тој.

По обраќањето на Битиќи, следуваше културен перформанс на ансамблот „Орце Николов“ којшто ги прикажа елегантните движења и сензибилитетот на фолклорните танцови, како дел од долгогодишната традиција на земјата.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s