ВИДЕО: Фудбалерка даде „перфектен хет-трик“, ама во сопствената мрежа!

Во натпреварот меѓу женските селекции на Соединетите Американски Држави и Нов Зеланд, кој заврши со триумф на избраничките на Влатко Андоновски од 5-0 (3-0), се случи нешто што ретко се гледа на фудбалските терени. 

Имено, фудбалерката на Ливерпул, Мекејла Мур постигна „перфектен хет-трик“, давајќи голови со глава, лева и десна нога. Сè тоа ќе беше одлично, доколку не ја тресеше сопствената мрежа, и тоа трипати. Во петтата, шестата и 36. минута Мур си даде три автогола, па пред полувремето беше заменета. 

Трите автогола на Мекејла Мур: 

Во продолжението на дуелот на пријателскиот „Шибеливс Куп“, мрежата на Нов Зеланд ја тресеа уште Хач и Пуг, за убедливо американско славје. Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по несекојдневната ситуација на Мекејла Мур.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s