Откако пејачката Алина Паш одлучи да се повлече од овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, украинската телевизија UA: PBC избра нова песна што ќе ја претставува земјата во Торино.
Станува збор за песна по име Стефанија, изведена од оркестарот Калуш.
Оркестарот Калуш бил втор во украинската верзија на Дора Видбир, иако публиката им даде максимален број поени, бидејќи жирито ги стави само на третото место.
Песната Стефанија комбинира традиционално пеење и инструменти со модерен рап, а е посветена на мајките.