Пејачот Владо Јаневски ја објави новата песна, романтичната балада насловена „Ненормален“. Истовремено, со оваа нумера Јаневски го најавува новиот албум што ќе се појави следниот месец во издание на „Кроација рекордс“.
Аранжманот на новата песна е на Никша Братош и Валентино Скендеровски, а песната е снимана во Скопје и во Загреб, како и целокупниот материјал на новиот албум кој е работен на релација Скопје-Загреб.
Слушнете: