Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина.
На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена. На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат.