Во државата има сосема доволна количина пченка и пченица, a во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта, велат од Министерството за земјоделство, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Македонија побарала да купи пченица и пченка од нашиот северен сосед.
Во државата има сосема доволна количина пченица и пченка. Во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.
Министервата за земјоделство на Република Северна Македонија и Република Србија имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка.
Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви.