Србија вчера вечер го избра својот претставник за „Евровизија 2022“, тоа е Ана Ѓуриѓ, односно Констракта која ја испеа песната со наслов „In corpore sano“.
Таа доби најмногу гласови и од жирито и од публиката, која гласаше преку СМС пораки, во сооднос 50:50 и собра 24 поени.
Ексцентричната пејачка, која веќе почнаа да ја споредуваат со Лејди Гага, до овој настап не беше многу позната во Србија, но уште по настапот во полуфиналето стихот од нејзината песна „Уметницата мора да биде здрава“ е вистински хит на социјалните мрежи. Инаку, таа е дипломиран архитект, претседателка на куќниот совет во зградата во која живее, мајка на две деца и членка на групата „Земја на грувот“ со која настапува.