„Изгорен од ова сонце“ е новата песна со која „Мизар“ ги трансформира човечките појави на оваа планета во сериозни музички дела, тешки чувства со кои многумина од нас се борат. Овојпат помалку темната и посветлата, единствена музика на „Мизар“ ја потпишува Горазд Чаповски, а како автор на текстот му се придружи и Зоран Тортевски, пејач со исклучителен, длабок глас. Специфичниот визуелен дел на песната „Изгорен од ова сонце“ е оригиналната слика на македонскиот уметник Никола Пијанманов, чии дела веќе ја красат визуелноста на материјалите на „Мизар“.