На официјалниот евровизиски Јутјуб канал е прикажан видео-спотот за евровизиската песна „Circles“ на Андреа.
Првичната верзија на песната беше веќе промовирана, но поради најавените доработки не беше веднаш објавена на овој канал.
Финалната верзија фановите имаа можност да ја слушнат за првпат во живо на романскиот избор за песна на Евровизија, на кој Андреа ја изведе со големи емоции.
Спотот е сниман на повеќе впечатливи и препознатливи локации во Скопје.
Во видеото доминира Андреа и природната емоција на нејзиниот лик, држејќи се до својот автентичен стил.